Кина гради две болници за помалку од две недели со една цел, да го спречи опасниот вирус Корона кој зема повеќе од 200 жртви само во Кина.
Како мерка за превенција на Коронавирусот, кинеските власти најавија амбициозен и капитален проект, а тоа е изградба на две болници за краток временски период.
Процесот на градење започна минатата недела, а според проекциите, болниците треба да имаат капацитет од 2,600 кревети.
Вухан е градот кој беше центар на појавата на смртоносниот вирус.
Имено, единаесет милионскиот град во Кина, овие две недели се претвори во вистинско градилиште.
Брзината со која се градат болниците предизвика позитивни реакции во светот, но и ги изненади многумина токму поради дадениот рок на изградба од две недели.
Меѓу тоа, овој проект не е прва градежна сензација бидејќи во 2003 година, кинеските градежници изградија нова болница во главниот град Пекинг само за една недела.
Сличната рапидна градежна офанзива била направена со иста цел, за да се спречи тогашниот вирус САРС.