Директорот на владата на САД за тајни податоци, Џејмс Клапер изјави дека податокот за тоа дека Северна Кореја знае како да ја стави атомската бомба на проектил е всушност доверлив, иако во Конгресот е соопштен гласно, но по грешка е категоризиран како слободно достапен.
Информацијата за тоа дека Северна Кореја знае како атомската бомба да ја спакува во форма која ќе овозможи монтирање на балистички проектил, ја изнесе неодамна републиканскиот конгресмен Даг Ламбирн.
Клапер пред Комитетот на Сенатот за воени прашања изјави дека Северна Кореја напредува во нуклеарниот програм, вклучувајќи го и оној кој се однесува на проектилската технологија и додаде дека се уште во потполност не го развила, тестирала или демонстрирала целокупниот капацитет за добивање на проектил направен со нуклеарна боева глава.
Портпаролот на републиканското мнозинство во Сенатот, Клод Сафин истакна дека цитираниот параграф од извештајот на Безбедносната разузнавачка агенција, кој беше цитиран од Клапер , јасно бил означен како можен за јавно соопштување.
Според неговите зборови и Комитетот за воени прашања ја потврди таквата класификација, пред извештајот да биде изнесен пред Конгресот.
Од канцеларијата на директорот за разузнавачки податоци, изјавија дека Безбедносната известувачка агенција по грешка го означила чувствителниот параграф како слободно достапен за јавноста.
Елена Георгиевска