Почнува петтиот глобален форум на Сојузот на цивилизациите на ОН

Од:

Во Виена денеска почнува Петтиот глобален форум на Сојузот на цивилизациите на Обединетите нации, кој е основан во 2005 година под покровителство на ОН и претставува обид да се спречат поларизацијата и екстремизмот преку соработка и дијалог, независно од националните и културните граници.

Овие форуми претставуваат средби на највисоко ниво. По Мадрид (2008), Истанбул (2009), Рио де Женеиро (2010) и Доха (2011) оваа година Виена е домаќинот на дводневните разговори на повеќе од илјада претставници на 135 членки на сојузот.

На форумот ќе учествува и генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун, политички лидери, меѓу кои и државните и владините раководители на Македонија и Турција, министрите за надворешни работи на Иран, Ирак, Индија, Пакистан, Бангладеш и Авганистан, како и претставници на цивилното општество, на медиумите и на научните кругови од целиот свет.

Под мотото „Одговорност, разноликост и дијалог“ ќе бидат разгледани актуелни прашања на темите слобода на религиите, плурализмот, слободата и улогата на медиумите, миграции, интеграција и разноликост.

Би можело да ве интересира

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство

Нови тајни документи: САД го шпионирале шефот на ОН, неговите разговори беа објавени

Ана Ололовска