Почнува општата политичката дискусија на 69. сесија на Генералното собрание на ОН

Од:

Во седиштето на Обединетите нации денеска почнува општата политичка дискусија на 69-та сесија на Генералното собрание на Светската организација.

Во следните седум дена од говорницата на Генералното собрание ќе се обратат околу 140 шефови на држави или влади и над 50 министри за надворешни работи на земјите-членки на ОН.

По обраќањето на генералниот секретар Бан Ки-мун, ќе се обрати бразилската претседателка Дилма Русеф. Бразилските претставници по традиција први излегуваат на говорницата, бидејќи работата на првата сесија на Генералното обрание во 1946 година ја водеше тогашниот бразилски министер за надворешни работи Освалдо Аранија. Русеф во 2011 година влезе во историјата како прва жена, која ја отворила општата политичка дискусија во Генералното собрание.

Вториот говорник, согласно традицијата е претседателот на САД, Барак Обама. Во попладневните часови тој ќе седне на претседателското место во Советот за безбедност на ОН за да раководи со седницата, посветена на борбата против тероризмот.

Во дискусиите утре ќе се вклучат претседателите на Ирак, Иран и Египет, Фуад Масум, Хасан Рохани и Абдел Фатах ал Сиси, како и премиерот на Украина, Арсениј Јацењук.

В петок меѓу говорниците ќе бидат и палестинскиот претседател Махмуд Абас и претседателот на Авганистан Хамид Карзаи.

В сабота ќе говори рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, а в недела сирискиот министер за надворешни работи Валид Муалем. В понеделник во диксусијата ќе се вклучи израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Се очекува најголем дел од дискусиите да бидат посветени на ситуацуијата во Украина, Ирак и Сирија, како и на борбата против еболата.

Би можело да ве интересира

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство

Нови тајни документи: САД го шпионирале шефот на ОН, неговите разговори беа објавени

Ана Ололовска