Почина поранешниот фински претседател и дипломат, нобеловецот Марти Ахтисари

Од:

Поранешниот фински претседател и познат дипломат Марти Ахтисари утрово почина во Хелсинки, информираат од Кабинетот на претседателот на Финска. Ахтисари почина на 86 години.

Марти Оива Калеви Ахтисари бил претседател на Финска од 1994 до 2000 година. Тој бил десеттиот претседател на Финска. Пред неговото претседателствување, тој имал неколку важни функции во Министерството за надворешни работи на Финска и во Обединетите нации. На Балканот му е познат по неговата улога како специјален пратеник на Обединетите Нации за статусот на Косово.

По неговото претседателствување, Ахтисари ја основал почитуваната мировна организација за посредување ЦМИ – Марти Ахтисари Мировната фондација и работел во меѓународни мировни преговарачки задачи и задачи за посредување. Како признание за неговата долгогодишна работа за мир, на претседателот Ахтисари му била доделена Нобеловата награда за мир во 2008 година.

„Длабоко сме погодени со веста што ја примивме за смртта на претседателот Марти Ахтисари. Марти Ахтисари веруваше во луѓето, цивилизацијата и добрината и живееше одличен, извонреден живот. Тој беше претседател на времињата на промени, кој ја одведе Финска во глобалната ера на ЕУ“, вели претседателот на Финска, Саули Нинисто во соопштението за медиумите.

Би можело да ве интересира

Почина таткото на Тоше Проески

Орце Костов

Почина О. Џ. Симпсон

Горан Наумовски

Почина Слаѓана Милошевиќ

Катерина Ѓуровски

Почина Мирко Попов

Катерина Ѓуровски

Почина академик Јордан Поп-Јорданов

Горан Наумовски

Почина креаторот на манга стрипот „Dragon Ball“