Почина момче родено без мозок

Од:

Тригодишното момче чиј краток живот докоторите го сметаа за чудо, бидејќи е роден без мозок, почина на 2. ноември во Колорадо, САД.

Николас Кук страдал од аненцефалија, нарушување во развојот на мозокот и черепот.

Повеќето деца родени со ова нарушување умираат непосредно по раѓањето, но Николас живеел три години, без лекови, освен оние против болки, без приклучување на апарати, и како што тврди неговата баба Шери Кук, покажувајќи психички и физички развој, што не е карактеристика за оваа состојба.

Бабата на Николас, Шери Кук рече дека момчето цело утро пред да почине имало пречки во дишењето, а потоа престанал да дише. Лекарите три пати се обидоа да го оживеат, а потоа ја прогласија смртта, рече бабата, која била со него кога починал.

Таа вели дека Николас последните денови бил весел, дека покажувал чувства и оти неговото семејство сторило сè од неговиот живот да го извлече максимумот, водејќи го на кампување или во зоолошка градина, пренесе „Дејли мејл“.

Со аненцефалија се раѓаат едно на 10.000 деца, а оние што ја имаат се сметаат за неспособни да размислуваат или да имаат емоции.

Би можело да ве интересира

Доктори од Македонија завршиле медицина во Бугарија, но не смеат да работат во земјата оти се пишале Бугари

A1on

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска