Почина луксембуршкиот голем војвода Жан

Од:

Луксембуршкиот голем војвода Жан, поранешен шеф на државата Луксембург, почина денеска на 98-годишна возраст.

Поранешниот луксембуршки владетел минатата недела беше примен в болница поради инфекција на белите дробови. Неговото здравје се влошило драматично за време на велигденските празници.

Тој беше осмиот голем војвода на Луксембург, кој раководеше со државата од 1964 до 2000 година. Од неговата абдикација во 2000 година, кога престолот му го препушти на синот Анри, Жан живееше во замокот Фишбах и ретко се појавуваше во јавноста.

Големиот војвода Жан беше сопруг на принцезата Жозефин-Шарлот од Белгија, ќерка на поранешниот белгиски крал Леополд Трети. Тие имаа пет деца.

Би можело да ве интересира

Во оваа земја во Европа луѓето работат најмалку, најмногу уживаат и најдолго живеат: Ја нарекуваат „рај на земјата“

Жителите на најбогатата земја во Европа три години имаат бесплатен јавен превоз

По Малта и Луксембург ќе ја легализира марихуаната

А1он

Луксембург загрижен за ситуацијата со нуклеарната електрана Катеном во Франција

Ана Ололовска

ВИДЕО: Насилен протест во Луксембург против корона мерките

Ана Ололовска

Премиерот на Луксембург обвинет за плагијат призна дека „требало да постапи поинаку“

Ана Ололовска