По загубеното финале во Катар, во Франција уапсени 227 лица, од кои 47 во Париз

Од:

Вкупно 227 лица се уапсени во Франција, од кои 47 во Париз и неговата околина, за време на судирите по завршувањето на финалето на Светското првенство во фудбал во Катар, во кое Аргентина го освои првото место победувајќи ги „триколорите“, јави дописникот на МИА.

Како што соопшти француското МВР, околу 14.000 полицајци и жандарми беа распоредени низ целата земја, од кои 2.750 во Париз, за да ги спречат инцидентите, какви што имаше по четвртфиналето против Англија, а потоа и полуфиналето против Мароко. Врз полицијата на Шанзелизе беа фрлани шишиња и огномет, по што таа употреби солзавец.

Во Лион, според префектурата, беа уапсени околу петнаесет лица за фрлање проектили и оштетување на Плоштадот Белекур. Пет лица се уапсени во Бордо по судирите со полицијата на Плас де ла Виктоар. Во Ница, градоначалникот Кристијан Естрози го осуди уништувањето во една област на градот.

А во Безие, 14-годишен малолетник беше приведен откако испукал огномет врз возило ЦРС.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Уапсени насилниците кои во Нови Сад со палки тепаa студенти, тешко повредија девојка

Горан Наумовски

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз

Уапсени три лица во врска со пожарот во старечки дом во Белград