По три години Белгијка ги отстрани 56-те тетовирани ѕвезди од лицето

Од:

Во последните три години, Белгијката Кимберли Вламенк претрпе девет болни ласерски интервенции за повторно да личи на себе и сега на нејзиното лице повеќе нема 56 истетовирани ѕвезди.

Лицето на 22-годишната Кимберли Вламенк од 2009 година го обиколи светот откако излезе од салонот за тетовирање со цело соѕвездие на левиот образ.

Таа во тоа време ги лажеше родителите и медиумите и тврдеше дека барала само три ѕвезди на очите, но дека мајсторот за тетовирање се повеќе додавал ѕвезди додека таа спиела со опивка под иглата. Подоцна призна дека сама ги побарала сите 56 ѕвезди и дека цело време била свесна, но дека лажела затоа што се плашела од реакцијата на татко и.

Кога нејзиното лице стана на интернет забележано и кога многумина ја нарекоа „чудовиште“, Кимберли зажали за оваа одлука. Сега конечно ги отстрани сите траги од оваа несреќна тетоважа и го покажа лицето без ниедна лузна.

Според некои извештаи, третманите за ласерско отстранување чинат над 13.600 долари. Авторот на тетоважата Руслан Туманианц првобитно понуди да плати половина од трошоците затоа што не сакал муштеријата да биде незадоволна, но подоцна се повлече.

Тој рече дека не му е жал што ја тетовирал Кимберли и оти поради неа стана славен. Меѓутоа, после оваа случка, од сите негови муштерии почнал да бара потпишана согласност за одреден дизајн.

Кимберли за една локална радио станица рече дека поминувањето низ оваа „лична трагедија“ и овозможило да отвори ново поглавје во животот.

– Сега едвај се препознавам себе си, рече Валменк, која работи како келнерка.

Би можело да ве интересира

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

Уапсени четири лица во Брисел: Планирале напад на концертната сала

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата

Стотици фармери ги блокираа патиштата околу белгиското пристаниште Антверпен-Бриж

20-метарска елка падна врз луѓе во Белгија, умре жена

Катерина Ѓуровски