Во кинескиот град Вухан, каде во декември изби првото жариште на коронавирусот, жителите полека излегуваат од домовите, со желба сами да купат свежи намирници по повеќенеделен живот во изолација, кој подразбирал и достава на храна.
Многу населби во градот сè уште се одвоени со двометарски високи пластични sидови, што беа подигнати на почетокот на кризата со цел физичка дистанца и изолација на заедниците. Поради тоа граѓаните на Вухан во целост се потпраа на испорака преку Интернет, пренесува Јаху њуз.
Во една населба, станарите и трговците сега тргуваат преку оградите. Купувачите, качени на столчиња, ја гледаат стоката која се продава, гласно прашувајќи ги трговците за цена, а потоа, со помошна апликации на мобилни телефони ја плаќаат стоката.
– Побезбедно е да продаваме над овие барикади, вели еден сопственик на фарма за свињи.
Деновиве се отворени и некои супермаркети, а пред едниот имаше долг ред на клиенти на растојание од 1,5 метри, што се протегаше околу блоковите. Сите граѓани и натаму носат заштитни маски за лице.
Вухан се подготвува за укинување на изолацијата на 8 април, кога по првпат после 23 јануари на луѓето ќе им биде дозволено да излезат од градот.