По Париз и Брисел го забрани „Конвојот на слободата“ за да не се повтори Отава

Од:

„Конвојот на слободата“, што е планирано утре да пристигне во Париз, по урнекот на канадското движење на камионџии против мерките за сузбивање на Ковид-19, ќе биде забранет за „да се спречи блокада на градот“, а ваквиот конвој ќе биде забранет и в понеделник во Брисел, соопштија денеска француски и белгиски официјални лица.

Организаторите на протестот, што се чини дека се проширува, сакаат да изразат незадоволство од сертификатите за Ковид-19 воведени во Франција на 24 јануари и се претставуваат како членови на „жолтите елеци“, протестното движење од 2018 и 2019 година, водено од зголемувањето на цените на бензинот што се претвори во бунт против претседателот Емануел Макрон.

Неколку конвои вчера тргнаа од Ница, на југоисток, Бајон и Перпињан, на југозапад, а други ќе тргнат денеска. Предвидено е сите утревечер да се сретнат во Париз, од каде треба да се упатат во Брисел на „Европскиот собир“ в понеделник, на 14 февруари.

Бриселските власти денеска соопштија дека в понеделник ќе забранат влез на камионите од „Конвојот на слободата“, со цел да се спречи целосна блокада на градот, со каква веќе една недела се соочува канадската престолнина Отава.

Премиерот на бриселскиот регион, Руди Верворт, најави дека не е ни побарана дозвола за протестот.

-Федералната полиција ќе ги контролира моторните возила на патиштата кон Брисел. Регионот и градот Брисел ќе забранат камионите да влегуваат на негова територија, рече Верворт.

„Може да дојдат да протестираат, но не со возила и камиони. Нема да дозволиме блокада на целиот главен град“, изјави бриселскиот градоначалник Филип Клоус.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Несреќа во Франција, има над 20 повредени, меѓу нив и деца

Горан Наумовски

Во Франција откриен прв случај на нова варијанта на мајмунска сипаница

Трудо поднесе оставка

(ВИДЕО) Затвореник во Франција зароби пет лица, меѓу кои и еден чувар

Макрон бара итна хуманитарна помош за Газа

Горан Наумовски