По Обама и Куба бара затворање на Гвантанамо

Од:

Министерот за надворешни работи на Куба, Бруно Родригез побара Обединетите нации да го затворат американскиот затвор Гвантанамо.

Штрајкот со глад на стотици затвореници, влезе во 12-та седмица, јави „Асошиејтед прес“.

-Длабоко сме загрижени со правната празнина која овозможува често кршење на човековите права во базата на Гвантанамо-изјави тој.

Родригез објасни дека затворот претставува центар за злоставување и убивање на затвореници, кои во него се наоѓаа десет години, без обвинение.

Според него затворот и базата мора да се затворат и подрачјето треба да и се врати на Куба.

Последнава недела се врши голем притисок на американскиот претседател Барак Обама да го затвори тој воен затвор во Куба, во кој се уште се наоѓаа 166 затвореници.

Во вторник Обама повторно вети дека ќе вложи напори да го затвори Гвантанамо, бидејќи смета дека тој предизвикува штета за американските интереси.

Тој неколку пати нареди да се затвори затворот, но таа иницијатива не ја прифати Конгресот.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Куба: Пожар го зафати градот Вињалес

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Кубанци шверцувани низ Македонија и Србија до ЕУ – разбиена мрежа за криумчарење мигранти

А1он

Волстрит журнал: Кина гради шпионски објект во Куба за да ги прислушува САД

Куба ја откажа парадата на Меѓународниот ден на трудот поради постојаниот недостиг на гориво

Ана Ололовска

САД повторно почна да депортира Кубанци

Катерина Ѓуровски