По изборите и референдумот зајакната Владата во Италија

Од:

По два дена од регионалните избори во шест покраини и еден автономен регион, како и референдумот за намалување на бројот на парламентарци, централната Влада на италијанскиот премиер Џузепе Конте е зајакната, пренесуваат италијанските медиуми.

„Двете мнозински партии, Демократската и Движењето „Пет Ѕвезди“ се задоволни од победата во три од шесте региони и најавуваат дека Владата ќе трае до крајот на мандатот, релативно ретка појава во италијанската политика“, посочуваат медиумите.

Централно-левичарските партии победија односно останаа на власт во Тоскана, Кампања и Пуља, а партиите на десниот центар, по 25 години доминација од левоцентристичките партии, ја освоија власта во провинцијата Марке и го потврдија лидерството во Лацио и Венето.

Победата на референдумот ја слави министерот за надворешни работи Луиџи Ди Мајо, член на Движењето „Пет Ѕвезди“, кој најмногу се залагаше да помине гласањето за намалување на бројот на парламентарци.

Двата дома на италијанскиот Парламент, Комората и Сенатот, по референдумот ќе го намалат бројот на нивни членови од сегашните 945 на 600. Сепак, позитивните резултати од таквата мерка можат да бидат ефикасни само по промената на изборниот закон.

Во своите први изјави по референдумот, Ди Мајо најави натамошни реформи, вклучително и намалување на платите на парламентарците, но и промени во рамките на самото Движење.

Партнерот во коалициската Влада, лидерот на Демократската партија, Никола Зингарети ја зајакна својата позиција по добрите резултати на неговата партија на регионалните избори и најави дека ќе изврши уште поголем притисок врз Владата во процесот на обнова на земјата по пандемијата. Покрај 209 милијарди евра помош од Европската унија, тој бара заем преку т.н. МЕС, кредит со многу ниска каматна стапка.

По објавувањето на официјалните резултати од изборите, Матео Салвини за првпат по неколку месеци изјави дека нема да повика на предвремени избори „затоа што резултатите се јасни“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Возачот на автобусот починал, а 12 македонски туристи се повредени

Орце Костов

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим