По барање на Берлин, австриски железници ги запреа возовите за Германија

Од:

По барање на Берлин, австриските железници ги запреа возовите за Германија, соопшти портпаролката на австриската железничка компанија, пренесува ДПА.

Причина е бегалската криза.

Се уште не се знае дали ќе запре движењето на возови од Германија за Австрија.

Германскиот весник „Билд” соопшти дека Берлин сака привремено да ја обнови граничната контрола заради приливот на бегалци и дека тоа првенствено ќе се однесува на границата со Австрија.

Во меѓувреме, канцеларот на Германија Ангела Меркел го информирла денеска во телефонски разговор австрискиот колега Вернер Фајман дека германските власти имаат намера да воведат контрола на границата со Австрија и на самото место да утврдуваат кои мигранти немаат право да добијат статус на бегалец.

Според информациите на австриските весници „Пресе” и „Круне“ кои ја пренесуваат информацијата на своите интернет страници, цитирајќи извори од австриската влада, овие проверки може да почнат уште оваа вечер.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви