Плановите за колонизација на Марс се приведуваат при крај

Од:

Хафингтон Пост – Њујорк

Илон Маск, сопственик на компанијата „Спејс Екс“, која се занимава со туристички патувања во вселената, има планови за колонизација на Марс.

Во едно неодамнешно интервју, Илон Маск рече дека планира изградба на огромен вселенски брод кој ќе превезува колонисти на Марс, заедно со разни материјали. Тој додаде дека се надева оти до крајот на годината ќе објави повеќе информации за самиот транспорт, но и за модерните одела кои ќе ги носат астронаутите.

– Транспортот до Марс кој го имам во план ќе биде нешто целосно невидено до сега. Се надевам дека ќе успеам до крајот на годината се детално да ви претставам, рече Маск.

Тој е сопственик на фирмата „Спејс Екс“, која се бави со превоз на луѓе во вселената. Во јуни изјави дека се надева оти „Спејс Екс“ првите патници ќе ги вози на Марс дури во 2026 година.

– Ако планираме да ја колонизираме Црвената планета, јасно е дека ни треба огромен вселенски брод. Проценките велат дека тежината на тој брод со луѓето и материјалите би била над 100 метрички тони, рече Маск.

Дизајнот на оделата за астронаутите исто така е голема работа.

– Мора да направиме одела кои изгледаат модерно, но кои пред се се функционални. Тоа е многу тешко да се усогласи, но ќе дадеме се од себе, вели Маск.

Тој додаде дека за опстанок на човечкиот вид неопходна е колонизација на Марс.

– Или ќе се прошириме на други планети, или ќе исчезнаме. Трето нема, рече Маск уште во мај 2013 година.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Со посветеност до потполна еднаквост на жените и мажите во општеството

А1он

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Кина: Најдовме геометриски форми под површината на Марс

Предраг Петровиќ

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Делчевските пензионери маршираа низ градските улици барајќи линеарно покачување на пензиите

(ВИДЕО) Преживување на „Марс“ во скафандер од 25кг и со „храна во прав“: Интервју со Мартина Димоска, прв аналоген астронаут од Македонија

Орце Костов