ПКК се подготвува да почне со повлекување од Турција

Од:

Се предвидува Курдската работничка партија (ПКК) денеска да почне со извелкување на своите борбени единици од Турција.

Раководството на военото крило на ПКК, на планината Кандил, ќе оддржи прес конференција, на која ќе соопшти дека почнува со повлекување, изјави пратеничката на прокурдската партика Мир и демократија, Себахат Тунџел.

Според телевизијата Си-Ен-Ен-Турк, многу новинари од турски и меѓународни медиуми ќе присуствуваат на прес конференцијата.

Повлекувањето на бунтовниците од ПКК се смета за најважниот момент во процесот за мирно надминување на курдскиот проблем, воден меѓутурската влада и поранешниот лидер на ПКК, Абдула Оџалан, кој е во затвор.

Истовремено, меѓутоа, пратеникот на Партијата мир и демократија, Суреја Јондер, подвлече дека преговорите за мировниот процес ќе продолжат, но ќе се водат на политичко ниво, со активно учество на пратениците од прокурдската партија.

Според планот за повлекување, бунтовниците од ПКК ќе ја напуштат територијата на Турција во групи од по десетина лица, заобиколувајќи ги воените региони и населени пунктови. За да не дојде до судири со турската армија, чии единици се дислоцирани во југоисточна Анадолија, евентуални воени дејствија ќе се преземаат само со одобрение на валиите на соодветните области.

Се предвидува до крајот на септември да се повлчечат сите бунтовници, чија бројност изнесува околу 1.200 лица.

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган ги повика сите пријателски и братски земји и меѓународни институции да и укажат поддршка на Турција во процесот за ликвидирање на теророт.

-Со ликвидирање на теророт оружјето ќе замолкне и ќе се зборува за идеи и политика и тоа ќе биде од голема корист како за Турција, така и за регионот на Блискиот исток и за и западните земји, изјави Ердоган.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски