Северна Кореја денеска предложи покренување заедничка истрага со САД во врска со хакерскиот напад врз продуцентската куќа „Сони пикчрс“, тврдејќи дека нема ништо со инцидентот.
– Со оглед на тоа дека САД шират неосновани обвиненија и не клеветат, предлагаме заедничка истрага во врска со овој инцидент, изјави портпаролот на севернокорејското Министерство за надворешни работи.
– Без прибегнување на методи на тортура, кои ги користела ЦИА ние имаме начи да докажеме дека овој инцидент нема никаква врска со нас, истакна тој.
Тој рече дека ќе има „сериозни последици“ доколку Вашингтон не се согласи на заедничка истрага и продолжи да ја обвинува Северна Кореја.