Пјонгјанг се закани дека може да ги нападне американските бази

Од:

Северна Кореја се закани дека денес може да ги нападне американските бази во Јапонија и островот Гуам, како одговор на американската воздухопловна вежба во Јужна Кореја.

-САД не треба да заборават дека во наш домен е базата Андерсон на Гуам, од каде што полетуваат бомбардерите Б-52, како и базата на јапонските острови, соопшти врховниот командант на севернокорејската војска.

Двенеделната воена вежба на Вашингтон и Сеул почна на 11-ти март, а САД оваа недела најави дека вежбата вклучува и пробни летови на бомбардерите Б-52.

Американските бомбардери имаат редовни пробни летови над Корејските полуострови, но Пентагон овој пат одлучи да го потсети Пјонгјанг да испратат јасен сигнал дека ќе се ангажира со сојузниците на Јужна Кореја, пренесе „Франс прес“.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња