Воведувањето санкции од страна на САД против Северна Кореја е контрапродуктивно и нема да предизвика слабеење на земјата, се наведува во денешното соопштение од севернокорејското Министерство за надворешни работи, кое го пренесува државната Централна новинска агенција КЦНА.
Во соопштението се наведува дека политиката на САД е насочена кон притисок и неосновано ширење негативни чувства кон Северна Кореја, а притоа само ја јакне нејзината решителност да го штити сопствениот суверенитет и достоинството на нацијата.
Американската администрација воведе санкции за три организации, меѓу кои и воената разузнавачка агенција, и за десет државјани поврзани со трговија на оружје.
Американскиот претседател Барак Обама завчера одобри воведување санкции после хакерските напади на американската компанија „Сони пикчрс ентертејмент“ и на списокот се лица кои претходно работеле во Иран, Сирија, Кина, Русија и Намибија. Ним им се оневозможува пристап до финансискиот сектор на САД, а на американските граѓани им се забранува да учествуваат во заеднички финансиски трансакции и договори.