Пјонгјанг преговара со Москва за нуклеарна програма

Од:

Хонг Јон Кок, пратеник од Северна Кореја најави дека следната недела ќе отпатува во Москва, поради разговор за нуклеарна програма.

Според севернокорејското Министерство за надворешни работи, посетата има за цел да ги обнови преговорите со уште пет држави за нуклеарно вооружување.

Собирот на Северна и Јужна Кореја, САД, Русија, Кина и Јапонија настана во 2003 година, откако Пјонгјанг отстапи од договорот за забрана на нуклеарното вооружување.

Преговорите помеѓу овие држави запреа во 2009 година, кога Северна Кореја се откажа од учеството и изведе неколку нуклеарни проби.

Оваа држава со нуклеарните проби започна во 2006 година, додека во 2013 година го тестираше своето најсилно оружје.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија