Пјонгјанг постави нови ракетни системи долж границата со Јужна Кореја

Од:

Северна Кореја постави нови ракетни системи долж својата граница, кои можат да погодат цели подалеку од Сеул.

Севернокорејски артилериски единици се забележани како ги менуваат старите ракетни системи со подобрена верзија од 240 милиметри.

Јужнокорејските медиуми повикувајќи се на неименуван владин претставник објавија дека новите системи имаат дострел од 70 километри и можат да гаѓаат цели подалеку од Сеул, кој се наоѓа поблиску до границата.

Според јужнокорејски тврдења, Северна Кореја располага со околу 5.100 ракети. Жителите на Сеул и околните градови, кои заедно сочинуваат половина од 49-милионското население во земјата, постојано живеат под закана од напади на севернокорејските ракети и далекустрелни топови.

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња