Северна Кореја се подготвува да изведе и четврта нуклеарна проба, соопштија јужнокорејски официјални лица.
Северна Кореја не ги слуша, ниту Обединетите нации кои и забранија да изведува проби. Не го слуша ниту сојузникот Кина, која порача дека ниту на една држава не смее да и се дозволи во целиот свет да предизвика хаос.
Јужнокорејските медиуми ги пренесоа наводите на официјалните лица на Сеул дека забележале дека нешто се случува.
-Постои можност Северна Кореја на 10-ти април да лансира балистичка ракета. Заедно со американските известувачи следиме што се случува-изјави порпаролот на министерството за одбрана на Јужна Кореја, Ким Минсек.
Елена Георгиевска