Пјонгјанг под болкада, западните медиуми шпекулираaт за преврат

Од:

Севернокорејската престолнина Пјонгјанг се наоѓа под целосна блокада, откако на 27 септември е воведена забрана за излез и влез во градот, објави денеска британскиот весник „Телеграф“, нагласувајќи дека постојат шпекулации дека во Северна Кореја имало обид за државен удар.

Порталот „Њу Фокус Интернешанл“, повикувајќи се на севернокорејски извори, наведува дека иако и досега властите воведувле забрани за влез во Пјонгјанг, ова е првпат оваа мерка да се однесува и на жителите на северноорејскиот главен град.

– Ваквата мерка укажува на две работи – или имало обид за државен удар или властите откриле некаков заговор против раководството на земјата, изјави за „Телеграф“ професорот на токискиот Универзитет „Васеда“, Тошимицу Шигемура.

Според него, доколку имало обид за преврат, состојбата во Северна Кореја ќе стане многу опасна. Тој вели и дека слушнал гласини оти севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун го напуштил Пјонгјанг.

Друга причина за ваквата блокада, според Шигемура, би можело да биде обид на некои високи претставници на режимот да побегнат во странство, па затоа властите ги затвориле аеродромот и граничните премини.

Во последниве недели западните медиуми шпекулираа дека севернокорејскиот лидер е болен, бидејќи веќе подолго време не се појавил во јавноста.

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња