Амбасадорот на Северна Кореја во ОН изјави дека непријателството со САД, во секој момент може да доведе до војна, но ја потврди и понудата за преговори со САД, кои како што рече би можеле да го опфатат и нуклеарното оружје.
Севернокорејскиот амбасадор, Син Сон Хо истакна дека САД ги зголемиле тензиите со својата нуклеарна закана, пренесе „Франс прес“.
Тензиите околу нуклеарната програма на Северна Кореја се влошија во февруари кога Пјонгјанг ја изведе третата нуклеарна проба, што ја разлути меѓународната заедница и доведе до построги санкции.
Елена Георгиевска