Северна Кореја соопшти дека крајбрежниот појас го прогласува за зона забранета за летови и за бродски сообраќај.
Мерката, според западни медиуми е најверојатно заради претстојните маневри.
Јужна Кореја предупреди денеска дека ќе возврати на каква било провокација од Северна Кореја, само еден ден откако Пјонгјанг упати закани дека ќе раскине договор за прекин на оган со кој е завршена Корејската војна во 1953 година.
– Доколку Северна Кореја изврши провокации што загрозуваат животи и безбедност на Јужнокорејци, нашата армија ќе изврши силна и одлучна одмазда, рече генерал Ким Јонг Хјун на прес конференција.
Северна и Јужна Кореја се „практично во војна“, бидејќи војната 1950-1953 е завршена со прекин на огнот, но не и договор за мир.