Северна Кореја го осуди денеска јужнокорејското „лудачко непријателство“ изразено со одржувањето на воена парада на која беа прикажани крстосувачки ракети што можат да нанесат прецизни удари врз Пјонгјанг.
Вчерашната воена парада во Сеул беше најголема во изминатите 10 години – учествуваа 11.000 војници, 120 авиони, тенкови, тешка артилерија и разни водови ракети.
– Mарионетите изведоа претстава на лудачко непријателство, се вели во текст во Рондонг Синмун, весник на владејачката партија.
Весникот објави дека парадата е насочена кон јакнење на воената соработка со САД и „поттикнување на подготовки за напади врз Северот“.
Американскиот секретар за одбрана Чак Хејгел беше почесен гостин на вчерашната парада со која беше одбелчежана 65-годишнината од основањерто на оружените сили на Јужна Кореја.