Пјонгјанг го обвини Сеул за неуспехот на преговорите за комплексот Каесонг

Од:

Северна Кореја соопшти денеска дека четвртиот круг преговори со Јужна Кореја што се одржа вчера, за заедничката индустриска зона Каесонг, завршил без резултат.

Пјонгјанг го обвини Сеул за неуспехот на преговорите, oценувајќи дека „Јужна Кореја зазела неискрена и несовесна позиција“.

Инаку, според севернокорејската информативна агенција, Пјонгјанг „дал конкретни предлози со цел што е можно побрзо обновување на функционирањето на индустриската зона“.

И покрај неуспехот, двете делегации се договориле следниот, петти круг од преговорите за комплексот да се одржи на 22. јули.

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња