Пјонгјанг ги произведува повеќето делови за ракетата со долг дострел

Од:

Изолираната Северна Кореја ги произведува повеќето клучни делови за ракетите со долг дострел, какви што лансираше во декември, а стручњаците од Јужна Кореја наведуваат дека домашната технологија на Северот е се поблиску до проектирање ракетен систем способен да ги погоди САД.

На Северна Кореја со резолуциите на ОН и е забрането да изведува ракетни и куклеарни активности, а во СБ на ОН  се разгледува усвојувањето на поострена резолуција со која Пјонгјанг би се казнил за декемвриското лансирање на баластичката ракета.

-Се верува дека Северна Кореја сама ги произведува повеќето од компонентите, иако користи и комерцијално достапни производи што ги увезува од странство, соопшти денеска јужнокорејското Министсрство за одбрана.

Крајната цел на Северна Кореја, според верувањата во Вашингтон, е да се произведе интерконтинентална ракета што ќе биде способна да понесе нуклеарна глава до САД, со што Пјонгјанг драматично ќе ја зголеми својата воена и дипломатска сила.

Пјонгјанг, според сателитските снимки, продолжи со работите на својот полигон за нукеларни тестирања, врз основа на што стручњаците заклучуваат дека се подготвува за изведување на трета нуклеарна проба.

Заради претходните две нукеларни проби во 2006 и 2009 година, ОН и воведоа санкции на Северна Кореја.

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња