Северна Кореја ги предупреди САД дека може да дојде до ужасна катастрофа и истовремено ја стави својата војска во состојба на подготвеност, поради најавените воени вежби во кои ќе учествува и американски носач на авиони.
Портпаролот на Генералштабот на Корејската народна армија рече дека на Севернокорејската армија и е наредено да биде во потполна подготвеност, за да во секој момент започне со операција.
САД, Јужна Кореја и Јапонија денес би требало да започнат голема воена вежба, во која ќе учествува и носачот на нуклеарни боеви глави „Џорџ Вашингтон“.
Тие минатата недела организираа воена парада, на која за прв пат е прикажана нова прецизна крстосувачка ракета „Хјеонму 3“, за која велат дека е способна да ги погоди прозорците на канцелариите на севернокорејските лидери.
Во соопштението на севернокорејската војска се наведува дека состојбата на полуостровот повторно станува затегната, пренесе „Франс прес“.
Елена Георгиевска