Писмо на лекар од Газа упатено до Обама: Имате ли срце?!

Од:

Норвешкиот лекар, Мадс Глиберт, кој секојдневно се обидува да спаси животи на недолжни цивили во болницата Шиф во Појасот на Газа, упати писмо до американскиот претседател Барак Обама. -Изминатата ноќ беше екстремна. „Копнената инвазија“ на Газа резултираше со мртви, крвави и тешко повредени Палестинци. Многумина повредени, од сите возрасти, цивили и невини. Хероите во амбулантите и сите болници во Газа работат смени од 12 до 24 часа. Сите се изморени и прават надчовечки напори за да помогнат. Тие се грижат, се обидуваат да бидат разумни во овој хаос со безживотни тела од сите возрасти, со оние кои можат да се движат и оние кои што се неподвижни, оние кои крварат и оние кои што искрвариле, како и оние кои што дишат и они кои престанаа. Луѓе! Сега, „најморалната армија на светот“ ги третира тие луѓе како животни.

Мојата почит кон повредените нема граница, во нивната одлучност да помогнат среде големата болка и шок. Мојата блискост со Палестинците ми дава сила, иако често сакам да вреснам, силно да прегрнам некого, да плачам, со прегратка да ги заштитам децата прекриени со крв. Но, тоа не можеме да си го дозволиме, а не можат ниту тие. Повторно бледи лица. О,не! Повторно пристигнуваат десетици повредени. Се уште во амбулатната имаме крв, купишта крпи со кои ја чистиме крвта. Се за да биде подготвено за следните жртви. И повторно од почеток. Повеќе од 100 лица примивме во последните 24 часа во болницата Шиф. Премногу и за добро опремена болница, но ние овде немаме струја, вода, лекови, кревети, инструменти, операциски сали, монитори.. Се е старо, донесено од музеите од старите болници. Но, овие херои не се жалат. Тие продолжуваат со својата работа, како големите војувачи. И додека го пишувам ова, сам на креветот, солзи ми течат предизвикани од болка и тага, бес и страв. Ова не се случува! Во моментов оркестар на израелската воена машинерија потворно ја започнува својата грозна симфонија. Во моментов ракети на израелската морнарица летаат на крајбрежјето, над нас се наоѓаат авиони Ф16 и хеликоптери Апач. Сето направено и финансирано од САД.

Господине Обама, имате ли Вие срце? Ве повикувам да поминете една ноќ со нас во болницата. Убеден сум дека тоа ќе ја промени историјата. Никој со срце и толкава моќ не би можел да замине од болницата, а да не биде одлучен во намерата да го запре убиството на палестинскиот народ.

Но, оние брз срце, немилосрдни, повторно испланираа напад на Газа. Река од крв ќе продолжи да тече во тек на ноќта. Слушам дека ги вклучиле инструментите на смртта. Ве молам направете што можете. Ова не може да продолжи!- стои во текстот на лекарот Глиберт.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Германската влада крие информации за оружје и воени злосторства во Газа

Хамас ја прифати резолуцијата на Советот за безбедност за прекин на огнот

Америка до Израел: Ако е вистина дека се убиени 14 деца, тие не се терористи

Орце Костов

Израел продолжи со нападите врз Газа и покрај повиците за прекин на огнот

A1on

Словенија ја призна Палестина

Предраг Петровиќ

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа