Писмо на ФБИ до Мартин Лутер Кинг: Имаш 34 дена да се убиеш

Од:

Бевери Гејџ, историчарка од Универзитетот Јејл, пронашла оригинална верзија од писмо од ФБИ испратено до Мартин Лутер Кинг.

Како што се наведува писмото било обид на тогашниот шеф на ФБИ, Ј. Едгар Хувер да го вознемири лидерот на движењето за човекови права во САД, само неколку дена пред Мартин да ја добие Нобеловата награда за мир во 1964 година.

Писмото содржело закани дека во јавност ќе бидат обелоденети сите вонбрачни активности на Мартин, поради што бил наведуван сам да си го одземе животот.

-За тебе постои само еден пат. Подобро е да тргнеш по него, пред нацијата да дознае за твојата нечиста и абнормална слика- стои во писмото, кое што го пренесе „Дејли меил“.

martinLuterpismo

Во моментот кога писмото пристигнало на негова адреса, Мартин веќе бил во Норвешка, поради што тоа дошло во раце на неговата сопруга Корета.

Писмото е објавено и порано, но она што е посебно кај оваа копија е што не е цензурирано.

-Се изненадив кога ја пронајдов, целосната нецензурирана верзија меѓу неговите документи во националната архива- рече Гејџ и додаде дека писмото било напишано на машина за пишување и дека авторот се претставувал како припадник на американската црнечка заедница.

-Кинг, погледни во своето срце. Знаеш дека си измамник и голема закана за нас црнците- стои во писмото, во кое се бара Мартин во рок од 34 дена да си го одземе животот, односно на денот кога требало да ја прими Нобеловата награда за мир.

Инаку како што се наведува Хувер го мразел Кинг до таа мерка што го класифицирал како најопасен и најефикасен црнечки лидер во САД.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски