Пирани изедоа шестгодишно девојче во Бразил

Од:

Шестгодишно девојче е пронајдено мртво во северен Бразил, откако било нападнато и изедено од јато пирани.

Девојчето, заедно со својата баба и со уште четири други девојчиња, со кану пловеле по реката Маикуру, кога биле погодени од силна бура. При невремето чемцот се превртел и сите шестмина патници се нашле во водата.

Бабата успеала да ги најде и да ги врати во кануто четирите девојчиња, но не и жртвата од нападот на пираните. Група жители од оддалечениот северен град Пара, организирале потрага по исчезнатото девојче, но не успеале да го пронајдат. Полицијата поддоцна го открила мртвото тело на девојчето.

Претставник на полициските власти во регионот изјави дека опасните риби го изеле целото месо од двете нозе на несреќното девојче, оставајќи ги само коските.

254E98B900000578-0-image-a-67_1422979809256

Пираните се риби кои живеат во слатка вода и имаат заби за кои се вели дека се остри како жилет. Обично напаѓаат во јато по бразилските реки. Нападите од овие риби врз луѓе се ретки, но секој таков напад е смртоносен.

Последен ваков инцидент кога малечко дете е изедено од пирани, во Бразил е регистриран во 2012 година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Аеродром во Бразил e поплавен: „Салгадо Фиљо“ ќе е затворен до крајот на мај

Големи поплави во Бразил, загинаа 83 лица, 111 се исчезнати

(ВИДЕО) Гори зграда од 28 ката во Бразил

Горан Наумовски

Заложничка драма во Бразил, двајца се тешко ранети

Горан Наумовски

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Големи поплави и загинати во Бразил