Пилај: Израелските операции може да се толкуваат како воени злосторства

Од:

Операциите на Израел во Појасот Газа при што се уриваат куќи и се убиваат деца, би можеле да се толкуваат како воени злосторства и злосторства против човештвото, изјави високиот комесар на Обединетите нации за човекови права Нави Пилај.

Таа на почетокот од вонредната седница на Советот на ОН за човекови права ги осуди и ракетните напади на Хамас врз Израел.

Таа ги повика страните вклучени во вооружениот конфликт во Појасот Газа да прават разлика меѓу цивилите и учесниците во воени дејствија.

– Треба да се посвети внимание на заштита на правата на цивилите, вклучително и на децата. Непочитувањето на тие принципи може да се толкува како воени злосторства и злосторства против човештвото, посочи Пилај.

Таа наведе дека од осми јули, почетокот на израелската операција во Појасот Газа убиени се повеќе од 600 Палестинци, од кои 147 деца и 74 жени.

Би можело да ве интересира

Германската влада крие информации за оружје и воени злосторства во Газа

Хамас ја прифати резолуцијата на Советот за безбедност за прекин на огнот

Америка до Израел: Ако е вистина дека се убиени 14 деца, тие не се терористи

Орце Костов

Израел продолжи со нападите врз Газа и покрај повиците за прекин на огнот

A1on

Словенија ја призна Палестина

Предраг Петровиќ

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа