Петмина загинати во хеликоптерска несреќа во Бразил

Од:

Пет лица загинаа во хеликоптерска несреќа вобразилската држава Сао Паоло, пренесе ТАСС, повикувајќи се на полицијата.

Во хеликоптерот патувало семејството на бизнисмен, кој во болница во Сао Паоло  го пренесувал своето двегодишно дете, кое имало со висока температура. Семејството, кое божикните празници ги минувало во рисорт на океанското крајбрежје, го изнајмило хеликоптерот.

Од засега непознати причини пилотот ја  загубил контролата врз управувањето со леталото, а машината се урнала на земјата само на пет километри од местото на полетувањето и веднаш се запалила.

Сите патници во хеликоптерот загинале.

Полицијата отвори истрага за случајот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Аеродром во Бразил e поплавен: „Салгадо Фиљо“ ќе е затворен до крајот на мај

Големи поплави во Бразил, загинаа 83 лица, 111 се исчезнати

(ВИДЕО) Гори зграда од 28 ката во Бразил

Горан Наумовски

Заложничка драма во Бразил, двајца се тешко ранети

Горан Наумовски

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Големи поплави и загинати во Бразил