Петмина загинати при удар на мал авион во шопинг центар во Австралија

Од:

Сите петмина патници загинаа кога мал авион од типот „Бичкрафт“ удри во шопинг центар, веднаш по полетувањето од аеродром во близина на австралискиот град Мелбурн.

– Причина за несреќата бил дефект во моторот на леталото. Малиот авион веднаш по полетувањето од аеродромот „Есенден“ удрил во покривот на трговскиот центар, кој се наоѓа веднаш до крајот на пистата. Во него се наоѓале пет патници и веројатно никој не ја преживеа несреќата, изјави портпаролот на полицијата во Мелбурн, Стивен Лин.

Тој додаде дека инцидентот се случил изутринава, кога трговскиот центар се уште не бил отворен, па затоа нема и други жртви.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Авион со заглавени тркала слета на аеродром во Австралија

Катерина Ѓуровски

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Нападот на епископ во црква во Сиднеј е терористички чин оцени полицијата

ВИДЕО: Идентификуван напаѓачот од Сиднеј, уби шестмина и избоде деветмесечно бебе

ФОТО: Полицајката од Сиднеј го совладува напаѓачот

А1он

ВИДЕО: Напад со нож во Сиднеј, еден напаѓач убиен, другиот избегал

А1он