Петмина загинаа во хеликоптерска несреќа во северен Велс

Од:

Пет лица загинаа при пад на хеликоптер во планинската област Сноудонија, во северен Велс, соопшти денеска велшката полиција.

Хеликоптерот исчезна вчера за време на својот лет од англиксиот град Лутон кон Даблин во Ирска.

Спасувачите денеска ги пронашле остатоците од хеликоптерот и телата на петмината загинати. Полицијата не ги открива имињата на загинатите, освен дека хеликоптерот со кој летале бил во приватна сопственост.

Според полицијата, леталото исчезнало во момент кога се наоѓало во реонот кај заливот Кернарфон, но засега не е познато како хеликоптерот се нашол на таа локација.

Претходно, потрагата на британската крајбрежна стража во која се вклучија и хеликоптери, беше насочена на Ирското Море, каде се веруваше дека треба да се наоѓа леталото, откако земската радарска служба ја загубило комуникацијата со пилотот.

Потрагата беше продолжена денеска, поради ниските облаци во реонот на северен Велс и слабата видливост која некаде не била поголема од три метри.

Би можело да ве интересира

Инцидент во Велс: Избодени со нож се неколку лица

Горан Наумовски

Бизарен случај во Велс: Погребале погрешен човек, грешката на болницата откриена по три недели

Во Велс пронајдени тела на две бебиња, уапсени три лица

Горан Наумовски

Репрезентацијата на Велс го менува името

Тепање деца е кривично дело во Велс

Ана Ололовска

Во Нов Јужен Велс невакцинираните би можеле да си ги плаќаат трошоците за лекување

А1он