Петерсон институт: Кина да го либерализира финансискиот пазар

Од:

Експертите од американскиот Петерсон институт за меѓународна економија од Вашингтон тврдат дека главен приоритет на кинеските власти во следниот период не треба да биде борбата против сиромаштијата, како што најавија официјалните претставници на Пекинг, туку либерализацијата на финансискиот пазар и прекин на државната контрола на цените.

Економистите од Петерсон институтот Николас Ларди и Николас Борст сметаат дека сега е исцрпен моделот на стопански раст на Кина, кој е заснован на интензивно користење на капиталот, бидејќи повеќе не може да обезбеди доволно нови работни места и да го задоволи нивото на заработувачка.

Официјални претставници на Пекинг претходно изјавија дека поради големиот прилив на работна сила од сиромашните делови на земјата, во новите и постоечките фабрики, секоја година треба да се обезбедат милиони нови работни места, што во услови на „ладење“ на домашната економија и рецесијата во развиениот свет, каде Кина масовно ја извезува својата стока, тешко е остварлива целта на долг рок.

Ларди и Борст поради тоа даваат предлог кинеските власти што е можно поскоро да почнат реформи во домашната економија, така што за почеток ќе ја променат каматната и политиката на девизниот курс, а исто така ќе применат и нов начин на одредување на цените на енергенсот.

Претставници на американската Влада претходно исто така нудеа слични предлози, а посебно инсистираа на валутна реформа, која во суштина би се свела на значително јакнење на курсот на кинескиот јуан во однос на доларот. Администрацијата во Вашингтон тврди дека Кина веќе со години намерно одржува низок курс на јуанот и така создава „не фер услови во меѓународната трговија и трупа голем суфицит“.

Јуанот во моментов се менува по курс од 6,23 за долар, што е приближно 23 отсто над нивото во пресрет на почетокот на валутната реформа, која Владата во Пекинг ја спроведува од половината на минатата деценија.

Амеркиканците меѓутоа се незадоволни и упорно бараат значително поголема ревалвација на јуанот, од 40 отсто, обвинувајќи го Пекинг за „валутна манипулација“.

Кина благодарение на големиот суфицит во стоковата размена со САД и остатокот од светот успеа да „натрупа“ рекордни девизни резерви од приближно 3,5 билиони долари и не се согласува радикално и во кус временски период да ја ревалвира сопствената валута во однос на доларот и другите силни парични единици.

Би можело да ве интересира

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он