Пет изгорени тела најдени по пожар во Виена

Од:

Полицијата во Виена го истражува сомнителниот пожар, откако биле најдени пет изгорени тела, во остатоците по пожарот во празна зграда во која порано имало ресторан.

Пожарот се случил доцна во четвртокот, а изгорените тела не може да се идентификуваат. Полицијата смета дека е можно тие да биле бездомници кои преспивале во празната зграда.

Пожарникарите цела ноќ се бореле со огнените јазици, за во петок наутро да ги најдат телата.

Ресторанот бил затворен една година, а зградата од тогаш е напуштена.

Полицијата сега ја истражува причината за пожарот и се труди со аутопсија да бидат идентификувани телата, што беа изнесени. „Остатоците сега оладеа, и можеме да почнеме со работа на местото на злосторство“, велат од полицијата.

Има неколку случаи во Виена кога бездомници страдаат во напуштени објекти од пожар, особено во студените месеци. Во март маж и жена бездомници изгореа во напуштен вагон што беше зафатен од пожар.

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче