Песков за Зеленски во Херсон: Без коментар, тоа е територија на Русија

Од:

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска не ја коментираше веста за посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на украинскиот град Херсон, кој неодамна беше напуштен од руските сили.

На новинарско прашање како Кремљ ја оценува посетата на Зеленски на Херсон, Песков кратко одговори:

“Немам коментар. Знаете дека ова е територија на Руската Федерација“, пренесува Интерфакс.

Претходно агенцијата Ројтерс и украинската агенција Укринформ објавија дека Зеленски денеска го посетил Херсон.

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков