Песков: Русија будно следи кога НАТО се доближува до нејзините граници

Од:

Портпаролот на рускиот Претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков, изјави денес дека одлуката на НАТО да ја признае Украина како ткн. „партнер со големи можности“ нема да придонесе за стабилноста и безбедноста во Европа.

Тој нагласи дека „Кремљ будно следи што прави НАТО, особено кога се приближува до руската граница“.

„Секогаш внимателно следиме кога ни се приближува НАТО воена инфраструктура, со цел да се фокусираме на мерките со кои ќе ја гарантираме сопствената безбедност,“ изјави Песков.

Според него, имајќи ја предвид природата на Алијансата и нејзините првични цели, кои се обидува да ги употреби како механизам за конфронтација, Русија „секогаш внимателно ги следи процесите кога НАТО се обидува да приближи други земји во различни форми“.

„Не веруваме дека потегот ќе ја зголеми безбедноста и стабилноста во Европа,“ оцени Песков.

НАТО во петокот објави дека Алијансата препознава во Украина партнер со големи можности, а таквиот статус му гарантира на Киев подобар пристап во НАТО програмите, вежбите и размената на информации.s

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски