А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Свет

Песков: Очекувањата за средбата Путин-Трамп се големи, но работите се покомпликувани

by А1он13/04/2025 - 19:52592
Share0

Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков, денеска изјави дека очекувањата на јавноста и на новинарите се граничат со максимализам, но дека реално ситуацијата е посложена и дека е потребно повеќе време за да се подготви средбата меѓу Путин и претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Очекувањата на јавноста и очекувањата на новинарите секогаш се граничат со максимализам. Во реалноста, ситуацијата е малку поинаква, многу е посложена, бара повеќе работа, бара повеќе време – изјави Песков за телевизијата „Русија 1“.

Според него, размената на посети меѓу специјалните претставници на Русија и САД е многу активна и стана речиси редовна, пренесе РИА Новости.

Песков ги оцени меѓусебните посети на специјалниот претставник на рускиот претседател Кирил Дмитријев и специјалниот пратеник на американскиот претседател Стивен Виткоф како „сигурен канал“ за лидерите на Русија и САД да си ги соопштат своите ставови.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Претседателите ги слушаат пораките што се пренесуваат на овој начин и имаат можност да ја проценат реалноста на состојбата на работите и вистинскиот пристап во преговорите – рече Песков.

putintramp

Би можело да ве интересира

Иран: Трамп не е преговарач

Горан Наумовски30/05/2026 - 13:4630/05/2026 - 14:07

Притисок и ултиматум од Русија за Ерменија: Или ЕУ или ЕАЕУ

Предраг Петровиќ29/05/2026 - 18:41

ВИДЕО: Неизвесна е одлуката на Трамп за Иран, од Техеран порака дека нема прелиминарен договор

Катерина Ѓуровски29/05/2026 - 08:2029/05/2026 - 13:11

Азизи: Иран нема да се откаже од своите црвени линии

Горан Наумовски28/05/2026 - 09:07

Трамп: Нема договор без нормализирање на односите меѓу арапските земји и Израел

Горан Наумовски28/05/2026 - 07:3328/05/2026 - 07:35

Аксиос: Трамп ја назначи Пам Бонди во советодавниот одбор за вештачка интелигенција

Горан Наумовски27/05/2026 - 20:50
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто