Песков: НАТО е директно вмешан

Од:

Украинските сили користат оружје и муниција на НАТО, што сведочи за вмешаноста на алијансата во руско-украинскиот конфликт, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Тоа го докажува куршумот на Алијансата, кој беше изваден од телото на момчето Фјодор, кое беше повредено во неодамнешниот терористички напад во областа Брјанск“, рече портпаролот на Кремљ.

„Клучно е од чија рака е испукан куршумот. Ова не е ништо друго туку терористички напад“, нагласи Песков.

Во петокот рускиот претседател Владимир Путин одржа затворен состанок во регионот Брјанск, на кој, според Песков, се разговарало за обезбедување на безбедноста на стратешките објекти, инфраструктурата и ситуацијата во Брјанск.

„Ќе бидат преземени одредени чекори за да се спречат слични акции во иднина“, рече портпаролот на Кремљ.

Би можело да ве интересира

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли