Песков: Извештајот на „Њујорк тајмс“ за надзор на Германија со беспилотни летала е неточен

Од:

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, рече дека американските медиуми објавиле „новинарска патка“ тврдејќи дека наводно руски беспилотни летала наводно ги следат американските „патишта“ за снабдување со оружје во Германија.

„Не, немавме време да се запознаеме со овие тврдења, но тешко е да се замислат, бидејќи тогаш Германците би го виделе тоа јасно и би им било тешко да молчат“, изјави денес Песков, според руски Интерфакс.

„Њујорк тајмс“, повикувајќи се на американски и западноевропски извори, објави дека руски извидувачки беспилотни летала летаат над клучните воени патишта во Германија што ги користат САД за транспорт на воена опрема во Украина веќе неколку месеци.

Според нивните изјави, целта на руските операции е да се соберат информации што можат да се користат за саботажа или за подобрување на воените активности на руската армија на украинскиот фронт.

Би можело да ве интересира

Трамп: Нема место за шеријатот во САД

Техеран го обвини Вашингтон за „економски тероризам“ и побара реакција од ОН

САД го губат вселенскиот примат, Русија и Кина сè поблиску во новата трка

Горан Наумовски

Иран и Оман постигнаа договор за Ормутскиот теснец, и покрај противењето на САД

Нетанјаху: Трамп предложи „опсада“ на Иран наместо нова војна

Техеран е подготвен за преговори со Вашингтон, но бара враќање на јунскиот договор