Околу 5.000 пештерски слики насликани од ловци се пронајдени во планинскиот венец во североисточно Мексико, локација за која се сметало дека не била населена пред доаѓањето на Колумбо.
-Жолти, црвени, бели и црни, сликите на луѓе, елени, гуштери и инсекти укажуваат на тоа дека оние кои ги насликале биле ловци, риболовци и собирачи на храна – велат од Националниот институт за антропологија и историја.
На ѕидовите на пештерите насликани се и верски и апстрактни сцени од кои најголемиот дел се во добра состојба.
Археолозите во текот на наредните денови ќе спроведат хемиска и радикарбонска анализа за да откријат од кога датираат 4.926-те слики.
Сликите се пронајдени на 11 различни локации во пештери и планински премини во Бругос, во државата Тамаулиас која граничи со САД. Повеќе од 1.550 слики се пронајдени на локацијата која се вика „Пештерата на коњот“.