Сите оние кои имаа можност да го видат како лета преку деловите на Перу и другите земји на Јужна Америка, ги „преплаши“ влевајќи им страв во коските. Локалното население го вика Чупа Кабра.
Чупакабра се викале многу митолошки животни од различни видови кои се наоѓале во руралните и зафрлени предели на Јужна Америка, а воглавно станува збор за суштества кои ретко кој може да ги види, а камо ли да ги фати иако стравот од нив општоприсутен.
Митот за постоење на чупакабра потекнува од Порторико, но со текот на годините се прошири и во другите земји на Централна и Јужна Америка: Костарика, Мексико, Перу и сл.
Овие митски животни неретко се обвинуваат дека пијат крв на домашните животни на локалните жители, а со фигурата често одговараат на гигантски летачки лисици налик на лилјаци кои можат да се пронајдат во Индонезија и на Филипините.