Перу: Забранет влез во Парламентот за невакцинирани пратеници

Од:

Во Перу, земјата со најголем број на смртни случаи од коронавирус по глава на жител, властите забранија влез на невакцинираните лица во Конгресот. Одлуката е донесена во услови кога се откриени првите случаи на заразене со варијантата омикрон во државата.

Само пратениците и функционерите кои примиле најмалку две дози вакцина ќе смеат да влезат во Парламентот. Во еднодомниот Конгрес не се вакцинирани 16 од 130 пратеници.

Вкупно 2.265 случаи на коронавирус се потврдени од почетокот на пандемијата во земјата со околу 33 милиони луѓе. Повеќе од 202.000 од заразените починаа. Сепак, речиси три четвртини од населението на Перу е веќе целосно вакцинирано против Ковид . Меѓутоа, со појавата на омикрон во земјата, каде што веќе се откриени 12 случаи, се појавија стравувања од нов бран на коронавирус.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Перу

ВИДЕО: Разорен земјотрес од 7,2 степени според Рихтер го погоди Перу

Перу прогласи вонредна состојба на границата со Еквадор

Поранешниот перуански претседател Алберто Фуџимори излезе од затвор

Катерина Ѓуровски

Масакр во рудник во Перу

Перу: Започна рушењето на „ѕидот на срамот“ што ги дели богатите од сиромашните