Претставници во Перу соопштија дека во земјата е регистриран првиот потврден случај на вирусот Зика, што го донел еден маж од Венецуела, кој живее во Лима, а неодамна ја посетил Колумбија.
Министерот за здравство на Перу Анибал Веласкес рече дека очекува уште случаи кај оние кои се заразиле во странство.
Тој додаде дека пациентот е изолиран и оти се преземаат чекори да се запре ширењето на вирусот.
Перу се граничи со Колумбија, Еквадор и Бразил, а Зика се шири и во Колумбија и во Еквадор.
Венецуела регистрира 4.700 можни случаи на овој вирус.