Персонал на СЗО обвинет за сексуално насилство во Конго

Од:

Светската здравствена организација (СЗО) е цел на сериозни обвинувања за сексуално насилство од страна на нејзините вработени врз десетици жени во Демократска Република Конго, а комисијата која го истражува случајот ги осуди „структурните пропусти“ и „индивидуалната негрижа“ на организацијата.

Сексуалната злоупотреба била извршена од членови на персоналот, домашни соработници, како и меѓународни членови на тимови задолжени за справување со епидемијата на ебола што ја зафати ДРК меѓу 2018 и 2020 година, наведуваат истражителите, кои испрашувале десетици жени на кои им била нудена работа во замена за сексуален однос или, пак, биле жртви на силување.

Во воведот на извештајот на независната истражна комисија – формирана во октомври 2020 година од страна на генералниот директор на СЗО, Тедрос Адхан Гебрејсус, се дава мрачна слика за ситуацијата на теренот.

Комисијата утврдила дека „распространетоста на случаите на сексуална злоупотреба и експлоатација за време на борбата против десеттиот бран на ебола, што ја зголемила ранливоста на ’наводните жртви’, кои не ја добиле потребната помош што е потребна со такво понижувачко искуство“.

-Првото нешто што сакам да им го кажам на жртвите и преживеаните е дека ми е жал. Жал ми е за сето она што го претрпевте од луѓе кои беа вработени во СЗО и кои требаше да бидат на ваша услуга и да ве заштитат, рече Тедрос на прес конференцијата на која ги соопшти заклучоците на истражната комиисја и од која најави остри казни за одговорните.

„Ова е тежок ден за СЗО“, призна генералниот директор, кој се кандидираше за втор мандат на чело на организацијата, што минатата недела беше поздравено од повеќето земји на ЕУ.

Комисијата идентификувала 83 наводни сторители, од кои 21 биле вработени во СЗО.

Би можело да ве интересира

СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради ширењето на вирусот мајмунска сипаница

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа