Пентагон: НАТО земјите треба да работат за одржување на воената предност пред Кина и Русија

Од:

Американскиот потсекретар за одбрана Роберт Ворк ги повика сојузниците од НАТО да развиваат и произведуваат повеќе иновативни оружја, што ќе им овозможат предност пред Кина, Русија и други земји што имаат најбрз раст во воената област, јави ТАСС.

Ворк нагласи дека Пентагон има нов план, наречен „Иницијатива за иновации во одбраната“ и вложува особени напори во повеќе долгорочни проекти, за да гарантира дека САД ќе продолжат да имаат клучна предност пред потенцијалните непријатели.

– Ние треба да се координираме и соработуваме, со цел да избегнеме поклопување, да ги користиме постоечките можности и да настојуваме нашите раководни структури да прават иновации во технологијата, концептите, тестирањата и воените тактики, изјави тој на конференција во Центарот за нова американска безбедност.

За време на студената војна имаше само еден непријател, но сега земјата се соочува со неколку потенцијални противници, вклучително Русија, Кина, Северна Кореја и Иран, изјави Ворк.

Според него, земјите од НАТО би требало да ги исполнат обврските за одделување два проценти од БДП за одбрана.

Ворк истакна, дека буџетскиот план на Пентагон за фискалната 2016 година, што ќе биде претставен в понеделник пред Конгресот, ќе го надмине законски утврдениот таван.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски