Пентагон и Обама со спротивни ставови за Гвантанамо

Од:

Пентагон бара од американскиот Конгрес повеќе од 450 милиони долари за одржување и модернизација на затворот Гвантанамо на Куба, чие затворање го најави американскиот претседател Барак Обама.

Новите детали во врска со барањето на Министерството за одбрана за буџетските средства во фискалната година, која почнува на 1 октомври укажуваат на противречностите меѓу политичките напори на претседателот да го затвори споменатиот затвор и калкулациите на војската, на која и се потребни средствата за тој да продолжи да работи.

Во барањето на Пентагон се бараат 79 милиони долари за затворските работи, 20,5 милиони долари за канцеларијата на воената комисија, 40 милиони за оптички кабли и 99 милиони за операциите и одржувањето на овој затвор.

Пентагон исто така бара 20 милиони долари за проширување и модернизација на затворските објекти. Тие работи би можеле да потраат осум до десет години, имајќи предвид дека војската мора да префрлува работници на островот и да доставува градежен материјал со авион.

Во воениот затвор во американската поморска база на Куба, каде осомничените за противзаконски помагање на исламските терористи и заробеници од Авганистан и Ирак, моментално се наоѓаат 166 затвореници.

Поттикнат од штрајкот со глад, во кој неодамна стапија сто затвореници поради должината на притворот и затворските услови, Обама неодамна повторно го покрена прашањето за затворање на Гвантанамо.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски

Торнадото во Оклахома однесе најмалку два животи, четворица повредени